Децата на кои родителите не им поставуваат граници лошо се однесуваат во училиште

од desk2

Родителите кои припаѓаат на средната класа им нанесуваат штета на своите деца затоа што не можат да им кажат „не„, тврдат психолозите. Затоа децата во основно училиште лошо се однесуваат и не се добро подготвени за вистинскиот живот.


Аманда Гамер, психолог специјализирана за развој на детето, истакнува дека родителите се одговорни за лошото однесување на децата во училиште.

„Диви, немирни деца веројатно се потомци на таканаречени хеликоптер родители, оние кои на децата им даруваат интензивно внимание и ги исполнуваат сите нивни желби. На тој начин се ствара синдром „мал цар“, вели Гамер.

Истакнува дека во текот на работата со учителите од основните училишта сфатила дека однесувањето на родителите од средната класа е пошокантно од однесувањето на нивните деца.

„Тие се немилосрдно амбициозни кога станува збор за иднината на нивното дете не сфаќајќи дека лошо ги подготвуваат за вистинскиот живот. Иако ваквиот стил на родителство множе да влијае на тоа децата да не можат сами да донесуваат одлуки или да бидат независни, она за што ретко се зборува е дека децата на ткн. Хеликоптер родители се агресивни и тешки. Овие деца во училница се борат за внимание затоа што не можат да се носат со тоа да не се број еден, на тоа навикнале“, вели психологот.

„Замислете деца кои се толку беспомошни што не можат да обујат чевли, а не се плашат да го удрат учителот. Голем број од овие деца никогаш не слушнале `не` дома. На децата им требаат правила, граници и можност да им биле студени, да бидат гладни и да паднат и да се повредат за да можат да научат од сопствените грешки“, заклучува Гамер.

Слични содржини