Ниедна мерка што ја побара СЈО од Судот, за вкупно девет месеци работа, не е определена за осомничените, освен еден куќен притвор за соработник во случајот „Транспортер“, информира ТВ21.

ovbinitelski

Токму поради тоа, стручната јавност, по одбивањето на мерките за претпазливост кои Специјалното обвинителство ги побара за осомничените Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски, бара формирање на специјално одделение во судот, во кое ќе се постапува по истрагите на СЈО, вели поранешниот јавен обвинител и судија Александар Наков.

„Јас сум убеден дека државата има капацитет и кадар да се формира едно вакво одделние. Во моментот паушално би изнел дека имаме околу 10 до 15 искусни и чесни судии не само од Скопје, туку и од други градови,  кои би можеле да бидат дел од тимот на тој специјален суд. Доколку има потреба може да се ангажираат и кадри кои се пензионирани, но време е веќе еднаш да започне и за да може конечно да работи СЈО“, изјави адвокатот Александар Наков.

На последната прес-конференција обвинителката Ленче Ристовска повторно посочи дека голем дел од институциите не соработуваат со СЈО, не ги доставуваат навремено бараните материјали и на тој начин се забавува работата при комлетирањето на предметите. Притоа го посочи случајот „Пуч“ при што рече дека Кривичниот суд и понатаму одбива да ги предаде доказите за случајот.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини