Патник во автобус и возач на мопед се тешко повредени, а уште две лица се здобиле со полесни повреди во четири од девет регистрирани сообраќајки во Скопје во изминатото деноноќие. Пет сообраќајни несреќи се со последица материјална штета.soob-520x293

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека  сообраќајната полиција  санкционирала 40 возачи за пречекорување на брзина, тројца поминале на црвено светло на семафорите,10  возеле без дозвола односно нерегистрирани, а 24 за непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден отстранети се 52 возила.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во градинка „Буба Мара“, објект „Пчелка 1 “, во општина Аеродром.

Слични содржини