Научниците со децении се обидуваат да најдат начин што посоодветно да ја измерат интелегенцијата. Тестот за коефициентот на интелегенција (IQ) е само еден од тие начини.IQ

Меѓутоа тестовите за коефициентот на интелегенција се често пати критикувани, затоа што мерат само еден нејзин аспект.

Британскиот весник „Индепендет“ објави девет знаци кои покажуваат дека сте попаметни од просечната личност.

1. Зборувате повеќе од еден јазик.

Студиите покажале дека доколку знаете повеќе од еден јазик помали се шансите да заболите од Алцхајмерова болест.

2. На IQ тестот вашиот резултат е над 100.

3. Вие сте најстарото дете во семејството.

Истражувањата покажуваат дека најстарите деца во семејството најчесто имаат повисока интелегенција за околу три поени од помалите браќа или сестри.

4. Сакате мачки

Луѓето, кои сакаат мачки не се премногу дружељубиви. Истражувањето покажа дека луѓето кои повеќе сакаат мачки, отколку кучиња имаат поголем број поени на тестот за интелегенција.

5. Сте завршиле факултет

6. Вие сте левучар

Според „Индепендент“ левучарите сочинуваат десет отсто од вкупната популација на планетата. Левучарите имаат поразвиени когнитивни способности.

7. Многу се грижите

Изледа загриженоста не е толку лоша работа. Истражувањето покажало дека луѓето, кои повеќе се грижат имаат подобри резултати на тестовите за вербална комуникација.

8. Духовити сте

Лицата, кои се духовити за време на размислувањето користат повеќе способности.

9. Се сомневате во својата интелегенција

Здрава доза на сомнеж всушност претставува интелегенција.

Слични содржини