Деветнаесетто продолжение на конститутивната собраниска седница

од Vladimir Zorba

 

Пратениците во македонското Собрание денеска треба да ја продолжат конститутивната седница со уште еден  обид да дојдат до крајот, и да изберат претседател.

Собранието на Република Македонија денеска 19 ти пат, треба да ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, и никако да дојде до избор на претседател.

Во досегашниот тек од расправата главна тема е  барањето на  ВМРО-ДПМНЕ да се оди на нови избори.

Од СДСМ, пак, сметаат дека со расправата не се почитува собранискиот Деловник и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираат за теми кои не се поврзани со точката на дневниот ред. Тие бараат да се премине на гласање на следната точка од дневниот ред, односно избор на претседател на Собранието.

ВМРО ДПМНЕ сега е за лидерска средба , и продолжува со тематската блокада и режирана расправа , во стилот  на турска серија, поради истите аргументи и вокабулар,  и имаат намера така да тераат така се до нови избори, и блокада на  избор на претседател на парламент и нова влада.

СДСМ најавува дека во секој момент е можно да се  изврши пресврт со гласање на парламентарното мнозинство, за што имаат поддршка од маеѓународната заедница , ама не се знае кога ли ќе се решат на тој чекор, бо име на несакани последици !?

Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но по верификување на пратеничките мандати беше прекината, а сега  е во постојано заседание но блокирана преку  деловнички играрии на претседавачот Трајко Вељановски.

 

Слични содржини