Девојката на Кристијано Роналдо со прва фотосесија

од Vladimir Zorba

Георгина Родригез влезе во модата.22-годишната Георгина Родригез – девојка на Кристијано Роналдо ја загуби работата во мадридскииот бутик, но тоа воопшто не ја вознемири. Сега таа е позната во целиот свет.

По тој повод Георгина одлучи да влезе во модниот бизнис.
Родригез веќе има потпишано договор со шпанската модна агенција UNO Models и веќе ја претстави својата првата фотосесија која беше направена за реклама на накит.

Георгина не може да се спореди со поранешната девојка на Кристијано – Ирина Шејк, но сепак фотографиите се добри.
Деновиве се зборуваше дека бринета е бремена со близнаци од ѕвездата на Реал Мадрид, но од кадри воопшто не личи дека Георгина има стомаче.

Слични содржини