Девојката на Роналдо со прва фотосесија

од Vladimir Zorba

22-годишната Георгина Родригез – девојката на Кристијано Роналдо, ја загуби работата во мадридски бутик, но тоа воопшто не ја вознемири. Сега таа е позната во целиот свет.

По тој повод Георгина одлучи да влезе во модниот бизнис.

Родригез веќе има потпишано договор со шпанската модна агенција UNO Models и веќе ја претстави првата фотосесија која беше направена за реклама на накит.

Тешко дека Георгина може да се спореди со поранешната на Кристијано – Ирина Шејк, но сепак фотографиите излегле добро.

Деновиве се зборуваше дека бринетата е бремена со близнаци од ѕвездата на Реал Мадрид, но од кадрите воопшто не личи Георгина дека е со стомаче.

Фото: UNO Models

Слични содржини