Девојките се повеќе загрозени од ХИВ, а момчињата – од дрога

од desk3

Девојките се загрозени од хип / СИДА, а момчињата – од дрога и самоубиства, покажува една студија направена во 15 држави – од САД и Белгија до Малави и Индија.

Се  повеќе се спушта  возраста во која децата ги прифатат клишетата дека момчињата се агресивни и создаваат проблеми, а девојките се ранливи и имаат потреба од заштита, покажува истражувањето на универзитетот “Џонс Хопкинс”, цитирано од фондацијата “Томсон Ројтерс”.

“Претходно се мислеше дека 10-11-годишниците немаат концепт за родови прашања и вредности”, рече Роберт Блум, директор на Универзитетскиот здравствен институт. “Младите не живеат во светот на детството, тие живеат во преодна возраст во која болно се свесни за тоа што се случува”.

Американскиот универзитет и СЗО интервјуираа околу 450 тинејџери и најдоа изненадувачки сличности во нивните искуства.

За девојките половите стереотипи се особено штетни – континуирано истакнување на тоа колку е важен нивниот изглед и претставата дека се “послабиот пол” ги прават ранливи и создаваат чувство дека насилството е  форма за казнување при кршењето на јавните норми. Што значи дека девојките се загрозени од физички и сексуално вознемирување, брак и бременост во детството и ХИВ / СИДА.

Потенцирајќи ја физичката сила и независноста на момчињата од мали пак ги навлекува на злоупотреба на дрога и употреба на насилство. Овие повреди веќе влијаат во годините помеѓу 10 и 14, а не во средината на тинејџерството – што значи дека програмите за психичко и сексуално здравје треба да почнат порано, покажуваат истражувачите.

Во држави како САД, Индија, Белгија и Кина за девојките е прифатливо да ги предизвикуваат социјалните стереотипи, но момците се малтретирани, ако изгледаат “женствени”. “Овие родови норми се воспоставени во рана адолесценција, децата се изложени на нив од раѓањето”, забележува Блум.

.

Слични содржини