ДХА: Ердоган сака да се сретне со турски државјани во Германија по форумот на Г-20, но не може да најде слободна сала

од desk3

 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган напорно, но сеуште залудно бара голема сала во Германија, каде што ќе присуствува по самитот на Г-20, тврдат германски медиуми, пренесува новинската агенција ДХА. Според објавените пораки Ердоган сака да се сретне со турски државјани на 9 јули, по форумот на Г-20 на 7-8 јули.
За оваа цел во вторникот е направено барање за “Westfalenhalle” во Дортмунд од неименувана фирма со седиште во Анкара. Одговорот е дека токму на бараниот датум салата веќе е ангажирана. Има истрага од турска страна и за “König-Pilsner-Arena” во Оберхаузен, каде е предвидено да отседне Ердоган, но одговорот е исто така негативен. Како причина се наведува дека во текот на летните месеци таму се вршат поправки.
Според написите во германските медиуми, досега МНР на Германија не добило официјално барање за прашањето од турската страна. Наводно, турската амбасада во Берлин исто така не располага со информации на оваа тема, посочува уште ДХА.

Слични содржини