Џад Лоу среќен и утуткан до девојката Филипа

од Vladimir Zorba

Џад Лоу беше фатен од фотографи да се шета со девојката Филипа Коан, со која е веќе две години.

Двојката беше фатена како се шета држејќи се за раце низ улиците на Лондон, облечена во посекојдневна облека. 44-годишната ѕвезда од серијата “Младиот папа” беше со црни тренерки и јакна, како и со дебел шал, Филипа исто ги избрала темните нијанси. Таа ги скрила кадриците во небрежно собрана коса во опавче и без шминка.

Со нив беше и синот на Џад – Руди. Тој е најмалото дете на актерот и неговата поранешна сопруга – британската актерка Сејди Фрост.

Двајцата имаат уште еден син – 20-годишниот Раферти и ќерка на 16 години – Ајрис, како и посвоен син.

Во 2009 година, американскиот модел Саманта Бурк му роди четврто дете на Џад – Софија, а минатата година актерот се здоби и со уште едно девојче – Ава.

Во меѓувреме, се чини дека врската помеѓу Џад и Филипа се развива одлично.

На крајот на минатата година актерот призна пред Modern Luxury дека се чувствува многу добро со 30-годишната Коен, која е психолог.

“Не ми треба никој друг, освен неа. Мило ми е што Филипа не е јавна личност. Ми се чини дека тоа е еден од факторите кој ни помага нашите односи да бидат така силни “, рече Џад.

Слични содржини