Џафери до Јазбец: Очекувам Иванов да му го даде мандатот на Заев

од Vladimir Zorba

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска со словенечкиот амбасадор Милан Јазбец разговарал за билатералните односи меѓу двете земји, како и за настаните во Собранието на 27 април.

„Осврнувајќи се на немилите настани од 27 април и на актуелната состојба, претседателот Џафери истакна дека тој лично ќе се заложи за враќање на институционалниот интегритет на Собранието и за зајакнување на довербата на граѓаните во оваа институција. Тој очекува претседателот на државата да ја исполни својата уставна обврска и да го даде мандатот на носителот на парламентарното мнозинство, со што ќе се отворат процесите за конституирање на собраниските тела, а со тоа и за формирање на новата влада. По тоа, приоритет ќе бидат измените на Изборниот законик и продолжување на мандатот на сегашната локална самоуправа, до есента кога, се надева, ќе се одржат локални избори“, соопштија од кабинетот на Џафери./Meта

Слични содржини