Џафери е оптимист! Ќе ја вратиме функционалната држава

од Vladimir Zorba

Новиот претседател на парламентот Талад Џафери  во настапот на конференцијата на ГА МОСТ  за “Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание”со оптимистички најави дека ќе има простор за сите и за мнзинството, и за опозицијата и за граќанските организации, и сите заедно треба да помогнат во вистинската функционална слика за Собраниет на РМ.

– Во изминатиов период мнозинството секогаш на опозицијата гледало како на политички противник кој треба да се победи, а на моменти и политички да се елиминира…опозицијата не е декор, туку треба да виде активна во сите процеси. Таа треба да биде свесна дека парламентарното мнозинство треба да ја спроведе и реализира својата програма, рече Џафери.

Зборувајќи за овие предизвици, Џафери рече дека ќе работи токму на овие прашања, но успехот ќе зависи од сите 120 пратеници.

Талат Џафери изрази надеж дека со неговиот избор, конституирањето на Собранието и наскоро изборот на новата влада, државата ќе се врати на својот пат кој води кон создавање функционална држава со самостојни и функционални институции.

– Враќањето во нормална општествена состојба која подразбира почитување на принципите на парламентарната демократија, владеењето на правото и почитувањето на човековите права и слободи како индивидуални така и колективни, па се до слободата на говорот, нема да се случи преку ноќ. Тоа е процес кој ќе трае еден подолг период. Парламентарното мнозинство транспарентно покажува дека тоа е наша заедничка обврска која ќе не доведе до саканата цел, а тоа се евроатлантските интеграции, потенцираше Џафери.

Спикерот, обракајќи се на тема “Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание” пред претставници на граѓанскиот сектор порача дека ќе биде целосно отворен за иницијативи во функција на јакнењето на парламентарната демократија, пренесе НОВА.

Слични содржини