Џафери: Ќе создадеме стабилни и функционални институции

од Vladimir Zorba

Новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, посака поскоро оздравување на повредените пратеници и припадници на полицијата и нивно враќање на секојдневните обврски. Џафери рече дека ќе продолжат со активностите кои произлегуваат од новото парламентарно мнозинство и најави создавање на стабилни и функционални институции.

„Се надеваме дека за брзо време ќе ни се придружи во работата на Собранието. Оттука уште еднаш изразуваме целосна поддршка за пратеникот и за повредените полицајци. Само што дознавме дека полицајците биле пуштени на домашно лекување и им посакувам и тие што побрзо да се вратат на своите секојдневни обврски. И како што рековме и порано, да продолжиме со активностите кои произлегуваат од новото парламентарно мнозинство, значи активностите кои следат после ова, после празниците. Секако дека ова е ситуација која бара формирање на нови институции кои ќе бидат функционални, стабилни и согласно законите“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери./AлсатМ

Слични содржини