Џафери на средбата со Радев: Очекувам годинава да почнеме преговори со ЕУ и да станаме членка на НАТО

од desk4

Претседателот на собранието Талат Џафери и бугарскиот претседател Румен Рaдев на денешната средба заклучиле дека потпишувањето и ратификацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка отвора нови можности во односите меѓу двете држави и ја докажува цврстата определба на Република Бугарија да и пружи целосна поддршка на Република Македонија за пристапување во НАТО и Европската унија.

– Актуелното раководство на Република Македонија прави напори да ги подобри односите со соседите и преку конкретни чекори, како што е потпишувањето на Договорот со Бугарија и со надминување на отворените прашања со Република Грција, очекува да добие датум за преговори за членство во ЕУ, а на самитот на НАТО во јули оваа година конечно да се потврди поканата од Букурешт од 2008 година земјата да стане членка на Алијансата – нагласил Џафери.

Радев, пак, истакнал дека од суштинско значење е соработката меѓу позицијата и опозицијата и консензусот околу стратешките прашања за државата, како што е членството во НАТО и ЕУ, притоа посочувајќи го примерот со бугарското собрание, кое даде целосна поддршка на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија.

Слични содржини