Џанлуиџи Буфон се соблече по гаќи по натпреварот Јувентус-Барселона

од desk2

Фудбалерите најчесто ги фрлаат своите дресови кон публиката или ги менуваат со играчите од другиот тим, но познатиот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, кој најави пензија по неуспешниот обид на Италија да се пласира на Светското првенство во Русија, синоќа ги соблече шорцевоте.

По натпреварот кој заврши 0-0 во Торино, Буфон потрча да го гушне Иван Ракитиќ, играч на Барселона, а потоа ги соблече портокаловите шорцови и истрча кон тунелот, додека публиката одушевено викаше.

Подоцна на Твитер напиша: „Ова е само поента, но добра поента“. Секогаш е задоволство да се игра против големи шампиони, како Иван Ракитиќ“.

Слични содржини