Џаред Кушнер: Немав несоодветни контакти со Русија

од Vladimir Zorba

  Џаред Кушнер, виш советник и зет на претседателотна САД Доналд Трамп, денеска инсистираше на тоа дека немал несоодветни контакти со руски функционери за време на предизборната кампања во 2016 година.

– Записите и документите, кои јас доброволно ги доставив, покажуваат дека сите мои дејствија биле релевантни и биле дел од нормалниот тек на настаните на таа исклучително уникатна кампања, изјави Кушнер за време на затворената седница на Комисијата за разузнавање во Сенатот.

– Да бидам јасен: не сум конспирирал со Русија, ниту познавам некого од кампањата, кој тоа го направил. Не сум имал несоодветни контакти , додаде Кушнер./MIA

Слични содржини