Џастин Бибер ја прекина својата светска турнеја

од Vladimir Zorba

Бибер ги  замоли навивачите да не остануваат “разочарани и измамени “, но тоа тешко ќе се случи.

Канадскиот изведувач Џастин Бибер неочекувано ја прекина својата светска турнеја и  се откажа од одржувањето на 14 планирани концерти од 10 октомври во САД и Азија. Ова го соопшти официјалниот сајт на 23-годишниот пејач.

“Поради непредвидени околности Џастин Bieber  ја прекинува  својата светска турнеја. Џастин ги сака своите фанови и не би сакале да ги разочараме. Сепак, по долго размислување, тој одлучи повеќе да не прави  концерти во рамките на турнејата “, се вели во пораката. Гледачите ќе си ги добијат назад парите за билетите. / АФП

Слични содржини