Џастин Бибер откажа 14 концерти. Поради девојка или исцрпеност?

од Vladimir Zorba

Џастин Бибер ги поништил преостанатите 14 концерти од својата светска турнеја за промоција на албумот “Purpose” поради “непредвидени околности”, пренесе Ројтерс.

Во соопштението, направено од портпаролот на 23-годишниот уметник, не се откриваат детали околу неговата одлука да не ја заврши својата светска турнеја. Се вели само дека Бибер “ги сака своите фанови и мрази да ги разочара”, но по внимателно разгледување решил да ги поништи преостанатите концерти.

Засегнати од одлуката на Бибер ќе бидат обожавателите во Северна Америка и Азија. Носителите на билети за укинатите 14 шоуа ќе можат да ги добијат парите назад во пунктовите за продажба. Концертната турнеја на канадскиот изведувач требаше да заврши на 10 октомври во Азија.

Џастин Бибер тргна на светска турнеја во поддршка на албумот “Purpose” во март 2016 година. За 18 месеци пејачот одржа над 150 концерти во Европа, Африка, Јужна Америка, Австралија и делови од Азија. Пораката дека Бибер решил да ја укине концертната турнеја доаѓа само неколку дена откако беше објавено дека тој добил забрана да пее во Кина поради манифестации на “лошо однесување” во минатото.

Според сајтот TMZ Џастин Бибер одлучил да ги поништи концертите поради “исцрпеност”.

Во текот на викендот, сепак се појавија фотографии на пејачот со бринетата Адриана Мишел во Холивуд. И таму пејачот е во видливо добра форма.

Слични содржини