Џастин Трудо им „влезе во кадар“ на матуранти на заедничка фотографија

од Vladimir Zorba

Премиерот на Канада Џастин Трудо непланирано „влезе во кадар“ на матуранти на Стенли Парк шеталиштето во Ванкувер.

Познато е дека Трудо се занимава со спорт, а овојпат трчал на патеката, покрај популарното шеталиште. Откако ја поминал групата матуранти кои се подготвувале да направат фотографија која ќе ја чуваат целиот живот, еден од матурантите го забележал.

– Ние се фотографиравме и се дружевме кога Трудо протрча покрај нас. Во почетокот се прашувавме зошто премиерот би трчал тука, а потоа почнавме да го повикуваме, раскажа Константин Марагос за Си-Би-Ес.

Потоа сите почнаа да го поздравуваат и довикуваат, а Трудо се врати за да се слика со нас. Напрвивме и заедничка фотографија.

Не е првпат Трудо неочекувано да се појавува на фотографија со непознати луѓе. Во август 2016 година непланирано се појавил на фотографија со една девојка која се подготвувала за венчавка на плажа, а истиот месец едно канадско семејство налета на него кога излегувале од пештера во паркот во Квебек.

Слични содржини