Џебе војни и поделби! Србија и БиХ отвораат заедничко трговско-туристичко претставништво во Истанбул

од desk3

Во Истанбул денеска ќе биде отворено заедничко трговско-туристичко претставништво на Србија и Босна и Херцеговина, соопшти српскиот вицепремиер и министер за трговија Расим Љајиќ по средбата на Трилатералниот трговски комитет на Србија, Босна и Херцеговина и Турција во Истанбул.

bih-srbija-zastave

Како што јави Танјуг, Љајиќ појасни дека тоа ќе биде место каде што двете земји ќе можат да го претставуваат стопанскиот и туристички потенцијал на Србија и Босна и Херцеговина со цел зголемување на нивната размена со Турција.

Љајиќ дополни и дека имал средба со турскиот министер за економија Нихат Зејбекчи и со босанскиот министер за надворешна трговија Мирко Шаровиќ, на која е договорен иден проект за инфраструктурно поврзување на Србија и БиХ, што би бил поддржан и од Турција.

Тројцата министри ќе присуствуваат на трилатерален бизнис форум.

Слични содржини