Џеј Ло покажа што ѝ е најважното во животот

од Vladimir Zorba

Иако ужива во романтичната врска со Дрејк, Џенифер Лопез покажа дека најважни во нејзиниот живот остануваат нејзините деца – 8-годишните Ема и Макс. 

Близнаците се од врската со пејачот Марк Ентони. 47-годишната латино ѕвезда објави слика со нив во Instagram во која тројцата се силно прегрнати. Фотографиите беше придружени со натпис: “Oooohhh yeaaaahhhh … #coconutsandwich #mybabies #LOVE”.

Убавицата го потсети светот дека продолжува да биде меѓу најжешките ѕвезди со неверојатна фигура и пушти уште една фотографија каде го покажува своето тело.

Токму добриот нејзин изглед можеби ѝ дава храброст на ѕвездата да излегува со помладите од неа мажи. Таа заврши врска со прилично помладиот од неа танчер Каспер Смарт, а од декември минатата година стана јасно дека се зближува со Дрејк.

Близок до ѕвездата објаснил пред Daily Mail дека пејачката сака да ја задржи романтиката меѓу нив и затоа нивниот однос се заснова на забавни и необврзувачка моменти.

“Таа знае дека Дрејк е играч и затоа дејствува бавно, без да има притисок врз него”.

Фото: Instagram

Слични содржини