Џеј Ло се враќа на комедијата (ВИДЕО)

од desk4

Џенифер Лопез дефинитивно и лежат комедиите и романсите, и не еднаш сме ја гледале во слични филмови. Сега таа се враќа во жанрот„романтични комедии“. Се работи за „Second Act“, за кој веќе имаме целосен трејлер.

Во филмот Лопез одигра 40-годишна уморна од работа и сиво секојдневие жена која сепак сонува за гламурозен живот на успешните и е цврсто убедена дека може да влезе во чевлите на богатите. Па, тоа и усшева, иако не на многу чесен начин и како точно таа си го замислила.

Пријател нејзин создава лажен идентитет, преку кој таа успева да добие престижна позицијата – директор во голема компанија во Менхетен. А со највисоката функција доаѓа и целосно нова гардероба, нов стан и проблеми од радикално различна природа.

Тоа е комедија во секој случај, па може да се претпостави дека работите нема да одат многу „подмачкано“.

Премиерата ќе биде во ноември.

Слични содржини