Џеј Пи Морган: Биткоинот е измама која ќе се распадне

од Vladimir Zorba

 

Биткоинот е измама која на крајот ќе се самораспадне, вели шефот на Џеј Пи Морган, Џејми Димон, кој додаде дека дигиталната валута била смислена да ја користат дилери на дрога, убијци и луѓе кои живеат на места како Северна Кореја.

Во говор на банкарска конференција во Њујорк, Димон рече дека „ќе избрка од работа“ истата секунда ако некој во инвестициската банка биде откриен како тргува со биткоин.

– Поради две причини: тоа е спротивно на нашите правила и затоа што се глупави. И двете нешта се опасни.

Тој додаде: „Валутата нема да профункционира. Не можете да водите бизнис каде луѓето ќе смислат валута од никаде и да мислите дека оние кои ја купуваат се баш умни. Ако сте во Венецуела, Еквадор или во Северна Кореја или на многу слични места, или ако сте дилер со дрога, убиец, нешто слично, тогаш е подобро да работите со биткоин отколку со американскиот долар“.

– Можно е да постои пазар за тоа, ама тоа ќе биде ограничен пазар.

Биткоинот е виртуелна валута, која се појави како последица на финансиската криза. Таа им овозможува на луѓето да ги одминуваат банките и традиционалните процеси на плаќања за стоки и услуги. Банките и други финансиски институции се загрижени заради првичната асоцијација на биткоинот со перење на пари и со онлајн криминалот.

Вредноста на валутата се зголеми за повеќе од четири пати од минатиот декември и достигна повеќе од 4.100 долари, иако не е поддржана од ниту една влада. Валутата падна за четири проценти по коментарите на Димон.

– Ова е полошо од балонот со лалиња, рече Димон, асоцирајќи на прочуеното надувување на пазарот од 17 век. Тој предвидува големи загуби за оние кои инвестирале во биткоинот.

– Не ме прташувајте кога тоа ќе се случи. Тоа може да достигне вредност и до 20.000 долари, но на крајот ќе се распадне. Искрено, шокиран сум од фактот што никој не гледа што е ова всушност, рече Димон.

Сепак, банкарот откри дека неговата ќерка купила биткоин. „Се реши на тоа и сега мисли дека е генијалка“.

Критиките на Димон за валутата се совпадна со предупредувањето од британскиот финансиски регулатор против шпекулативното лудило во врска со иницијалната понуда на валутата (ИКО) во криптовалути како што е биткоинот. ФЦА објави дека секој оној кој инвестира во ИКО треба да биде подготвен дека ќе ги загуби вложените пари. „ИКО се многу ризични, шпекулативни инвестиции“, рече тој.

– Треба да бидете свесни за ризиците кои доаѓаат со тоа… и подгтовени да го загубите целиот влог, посочи Димон.

ИКО се смислени со цел за собирање средства за стартапи на интернет. Наместо да се собираат пари од јавноста во фунти, евра или долари, инвеститорите во ИКО плаќаат во криптовалути. За возврат, им се издава „монета“ или „токен“ со вредност но само во рамките на нивната фирма.

Гардијан – Лондон

Слични содржини