Џеј Зи ја одложи турнејата поради близнаците

од Vladimir Zorba

Раперот Џеј Зи ги  промени своите планови за турнеја, откако неодамна стана татко на близнаци, соопшти Контактмјузик.

Бијонсе претходно овој месец го роди малите, но засега се вели дека децата остануваат во болница за набљудување.

Турнејата на 47-годишниот рапер ќе го промовира неговиот нов албум “4:44”, кој треба да излезе на 30 јуни.

“Ќе следува турнеја“ – изјави близок до двојката извор. “Првично тоа беше предвидено за ова лето, но беше одложено за есен поради раѓањето на близнаците. Обично се тргнува на турнеја околу еден месец по излегувањето на новиот албум. ”

Џеј Зи сепак решил негов приоритет да е семејниот живот по појавата на информации дека двете деца се родени предвреме.

Бијонсе и Џеј Зи, кои имаат исто 5-годишна ќерка Блу Ајви, не направија никаков коментар по раѓањето. Гласините исто така велат дека е можно малечките да боледуваат од жолтица.

Слични содржини