Џеј Зи: Кание Вест ја премина границата

од Vladimir Zorba

Џеј Зи откри дека навредливите зборови на Кание Вест на адреса на Бијонсе станале причина за расправијата меѓу двајцата рапери. Според зборовите на Џеј Зи, Вест ја “пречекорил границата”, кога се изразил негативно за пејачката за време на концерт во Сакраменто минатата година.

Конфликтот меѓу двајцата се засили кога Кание ја обвини Бијонсе во ноември дека присуствувала на минатогодишните награди на MTV, само затоа што знаела дека ќе освои награда за видео на годината.

“Она што навистина ме повреди, е дека (Кание Вест) го вмеша во тоа детето и жена ми … Имавме минати проблеми, но да се замеша семејството – тоа за мене е проблем”, рече тој во интервју ,, цитиран од “Контактмјузик “.

“Тој знае дека ја пречекорил границата. Тој знае. И знам дека знае “, додаде раперот.

Слични содржини