Џеко: Можеме да го елиминираме Ливерпул

од Vladimir Zorba

Најдобриот стрелец на Рома, Един Џеко беше задоволен од победата од 4:1 над Киево и во исто време му се заблагодари на Алисон за одбранетиот пенал. Босанецот се запиша два пати, но при 2:0 Жезус беше избркан со црвен картон, а голманот на „волците“ го одбрани ударот од 11-метри.

„Овој натпревар беше толку важен за наш пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Сега сме подготвени за среда. Денес не беше лесно, особено по црвениот картон. Му благодарам на Алисон за спасувањето на пеналот. Нештата можеше да се развијат на поинаков начин. Покрај тоа, требаше да реализираме повеќе од нашите шанси во првото полувреме“, рече Џеко.

Босанецот призна дека веќе размислува за реваншот со Ливерпул во Лигата на шампионите. „Волците“ го загубија својот прв натпревар со 2:5.

„Ние дефинитивно се надеваме дека ќе го повториме натпреварот со Барселона. Мораме да дадеме сè од себе од почетокот на мечот, стадионот ќе биде полн и навивачите ќе бараат сè од нас. Не сакам да размислувам за првиот меч, бидејќи е подобро да продолжиме понатаму. Ќе видиме што ќе се случи. Фановите ќе бидат зад нас, како што беа против Барселона“, додаде Џеко.

Слични содржини