Џенифер Анистон ги налути фановите на Инстаграм

од desk3

Познатата холивудска актерка Џенифер Анистон успеа со само една фотографија да ги налути своите следбеници на Инстаграм.

favim-com-25758

Таа објави фотографија на која се гледа како во рацете држи купче пари, што воопшто не им се допадна на нејзините следбеници.

– Она кога ќе пронајдеш пари во паричникот на кој целосно си заборавил, напиша актерката во коментарот на фотографијата.

„Недозволиво“, „мора тоа да бил огромен паричник“, се само некои од коментарите кои фановите и ги напишаа на Анистон./MИА

Слични содржини