Џенифер Анистон: Разводот на Џоли и Пит е карма

од Vladimir Zorba

Џенифер Анистон конечно доби одмазда од судбината и тоа е токму претстојниот развод на Бред Пит и Анџелина Џоли.ee28b4bf81f3561b6a7f0e2bf0511a63

Токму Енџи стана причина пред 11 години Бред да шутнат Анистон, со која беше во брак во текот на пет години.

Сега пријатели на Џенифер тврдат дека таа воопшто не сочувствува со драмата помеѓу Пит и Џоли и дури напротив сметала дека тоа е карма.

Внатрешен извор вели за списанието Us Weekly дека 47-годишната Анистон, која минатото лето се омажи за актерот Џастин Теру, се чувствувала апсолутно задоволна од разделбата на екссопругот со Анџелина.

Таа дури сметала дека тоа е само прашање на време и никогаш не верувала во Унијата на Бранџелина.

Пријатели на ѕвездата велат: “Џенифер секогаш знаела дека тој ден ќе дојде. Таа верува дека Анџелина е мајстор манипулатор и секогаш се сомневала во вистинската љубов на Џоли и Пит. Џен се уште е загрижена за Бред и му посакува убав живот. Денес таа е навистина среќна со Џастин. ”

Анистон и Пит се сретнаа во 1999 година, откако нивните агенти им организираа средба. Тие беа љубовници во текот на две години, а потоа се венчаа во Малибу во 2000 година.

Слични содржини