Џенифер Холидеј одби да пее на инаугурацијата на Трамп

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на Бродвеј Џенифер Холидеј го откажа настапот на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп по протестот на нејзините црнци и геј фанови, пренесоа американските медиуми, цитиран од агенциите. Холидеј е најдобро позната по нејзината изведба во мјузиклот “Дримгрлс”, за што ја доби наградата “Тони”, потсетува АП.

Таа изјави во интервју синоќа дека не сметала дека нејзиното учество во концертот ќе се смета како израз на поддршка за претседателот Трамп.

Таа решила да се повлече во три часот наутро, откако прочитала коментари за учество во концертот.

Слични содржини