Џеси Џеј ги откри тајните за прекрасното тело

од Vladimir Zorba

Британската пејачка Џеси Џеј откри како го одржува своето тело во совршена форма во интервју за списанието “Билборд”. Пред изданието 29-годишната пејачка и жири во “Гласот на Велика Британија” изјави дека спортот станал неизбежен дел од нејзиниот живот и таа редовно наоѓа време да потрча, да вози велосипед ли да се оддаде на вежби во фитнес сала, кои таа ги дефинира како “најомиленото нешто”.

“Во принцип сум прилично слаба, но тренирањето со тегови што го почнав пред 2 години, ми помогна да му дадам на телото форми”, рече таа и ги демантираше тврдењата дека љубовта кон фитнесот е опсесија.

Во однос на исхраната Џеси издаде дека од неодамна укинала од менито секакви јаглехидрати, месни и млечни производи во обид да ги натера телото да се “чувствува добро”.

Задолжителен дел од прехранбениот нејзин режим е присуството на вегански протеини во менито. Таа не сака да им го наметне начинот на живот на останатите. “Сè е во тоа да најдеш свој баланс. Она што го тера некој друг да се чувствува добро, не значи дека треба да важи и за тебе. Фитнес авантурата ти е твоја сопствена и на никој друг. “, вели таа.

Слични содржини