Џихадисти ја уништија Големата џамија во Мосул

од desk3

“Исламска држава” (ИД)  вчера (среда) ја дигна во воздух Големата џамија “Ал Нури” во Стариот град на Мосул и прочуеното нејзино навалено минаре, соопшти ирачката армија, цитирана од светските медиуми. “Амак” – информациската платформа, користена од џихадисти, тврди дека џамијата е бомбардирана од американската авијација. Токму од минарето “Ал Хадба” во 2014 година лидерот на терористите Абу Бакр ал Багдади го прогласи формирањето на својот “калифат”, опфаќајќи делови од Ирак и Сирија и претензиите за освојување на  целиот муслимански свет.

Американскиот генерал Џозеф Мартин кој го предводи копнениот дел од коалиционите операции, изјави дека “одговорноста за таа деструкција паѓа целосно на ИД.” Не бомбардираа во овој дел на градот “, рече портпаролот на коалицијата полк. Џон Доријан.
Според податоците на Меѓународната организација за миграцијата (ИОМ) повеќе од 626 00 лица го напуштиле градот Мосул од почетокот на октомври 2016 година, кога започна операцијата против “Исламска држава”.

Слични содржини