Три млади жени биле испратени од “Исламска држава” во станот на Абдулгадир Машарипов како награда за терористичкиот напад во ноќниот клуб “Реина” – 27-годишната Дина А. од Сенегал, 27-годишната Ајша М. од Сомалија и 26-годишната Тенет Траре од Египет. Терористот со кодирано име Абу Мухамед ја избрал сенегалката Дина, со која склучиле религиозен брак.

Се претпоставува дека во станот во луксузниот станбен комплекс во населбата “Есенјурт” дошол имам поврзан со групата, за да изврши ритуалот. Ова станува јасно од распитите на уапсениот  џихадист и претресите во станот, објавија  турски медиуми.
Откако Машарипов ја избрал за жена најзгодната  од трите испратени од “Исламска држава”, цимерите му Али Жамеел Мохаммед од Ирак склучиле религиозен брак со сомалијката Ајша.

Потсетуваме дека граѓанинот на Узбекистан, кој пред 6 години заминал на обука во Авганистан, има официјален брак со друга жена, со која има две деца – ќерка на една и пол година и син на 4 години. Терористот беше го зел со себе момчето а девјчето останало со нејзината мајка. Тој од неа се простил денот пред нападот и со себе го зел момчето.

Од забелешките во станот станува јасно дека Машарипов и покажал на Дина како се пишува на руски “Јас сакам Дина”, а потоа го напишал и на турски, иако со грешки.
За време на распитот  терористот одговарал главно на руски јазик. Слабо го владеел турскиот и англиски јазик, затоа морале да му преведуваат на руски, објавија  турските медиуми.

Пред сослушувањето  Машарипов рекол дека никогаш пред нападот во новогодишната ноќ не влегол во клубот “Реина”, но ја научил поставеноста на просториите во внатрешноста од видеото кое го  добил од Ракка (градот во Сирија кој е посочен од “Исламска држава” за нивна престолнина ). Откако проценил дека е премногу ризично да нападнена  плоштадот “Таксим” и ја предложил новата цел – “Реина”, тој добил од Ракка кадри од локалот.

” го гледав на  неколку пати материјалот за да ја  зачувам во детали поставеноста внатре”, рекол терористот. Полицијата работи на две верзии – дека “Реина” е стара цел на “Исламска држава” и претставник на организацијата бил внатре со утврдување цел или слики и видео  симнати од сајтот на клубот на 31 декември, неколку минути откако Машарипов го  избрал “Реина “за нападот.