Џилијан Миловановиќ: Ова се избори за да се победат криминалците

од Vladimir Zorba
 milovanovic

Поранешната амбасадорка на САД во Македонија, Џилијан Миловановиќ, синоќа на својот Фејсбук профил, споделувајќи видеа од митингот на Зоран Заев, пиша дека ова се избори на кои треба да се победат, како што вели, криминалците кои што ја заробија Македонија, пренесе Нова ТВ.

„Проопозициски митинг во Скопје на 4-ти декември. Изборите се на 11 декември и ова се избори за да се победат криминалците и да се спаси Македонија од стапицата во која државата е во моментов. Како што рече еден чесен новинар, ова нема да бидат избори на кои ќе бираме помеѓу различни партии, туку избори против криминалците“, пишува Миловановиќ во двата свои поста каде што го споделува видеото од митингот на СДСМ и најави за истиот.

Слични содржини