Џим Кери со сликарство се излечи од депресија

од desk2

Последните години немавме прилика да го видиме комедијантот Џим Кери во големи улоги, но се чини дека тој има уште еден талент.


Актерот кој со години се бори со депресијата, заедно со Линда Филдс Хил, сними документрен филм под име “I Needed Color”, „Ми требаше боја“ .

Во шест минути, Кери открива дека со цртање се занимавал уште како дете, а пред шест години му се се посветил на сликарството. Тоа му станало и лек за скршеното срце.

Признава дека многу брзо станал опседнат со овој начин на уметничко изразување и дека не може да престане да си поигрува со платното и бојата.

Кери низ годините отворено зборуваше за својата борба со депресијата и за лековите кои ги пиеше за да излезе на крај со тој мрачен период од неговиот живот.
Очигледно уметноста му помага во тоа.

https://www.youtube.com/watch?v=upg2XiZ8Dmc

Слични содржини