Џими Кимел повторно ќе ги води „Оскарите“

од Vladimir Zorba

Комичарот Џими Кимел повторно ќе влезе во улогата на водител за 90-тото издание на “Оскарите”, иако се беше заколнал никогаш повеќе тоа нема да го прави, соопштува Асошиетед прес, цитирана од светските агенции.

Режисери на шоуто ќе бидат Мајкл де Лука и Џенифер Тод. Тоа е истиот тим кој одговараше за овогодинешната церемонија.

Рејтингот на 89-ите “Оскари”, поделени во февруари, се покажа најнизок од 2008 година наваму со 32,9 милиони телевизиски гледачи. Дури и драмата со згрешениот плик при прогласувањето на победникот во категоријата за најдобар филм од Феј Данавеј не го подигна интересот за церемонијата.

Јубилејното 90-то доделување на златните статуетки ќе се одржи на 4 март 2018 година во Лос Анџелес и ќе биде пренесувано во живо од телевизискиот канал ABC.

Слични содржини