Џо Бајден му се извини на Реџеп Таип Ердоган

од Vladimir Zorba

Извинувања. Сакав да бев можел да дојдам порано по обидот за преврат, рече американскиот потпретседател

ердо бајден
Американскиот потпретседател Џо Бајден му се извини на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека не ја  посетил побрзо неговата земја по обидот за преврат минатиот месец, пренесе АФП.“Се извинувам. Сакав да бев можел да дојдам порано “, му рече Бајден на Ердоган.
Турскиот претседател ги обвинува западните сојузници, на чело со САД дека не покажале солидарност по обидот за преврат од 15 јули и не ја посетиле Анкара, забележува АФП. на заедничката прес-конференција со Ердоган во Анкара Бајден рече дека армијата на САД обезбедила воздушна поддршка на турската операција во Северна Сирија. Еден од проблемите во односите меѓу САД и Турција е несогласувањето на  политиката кон Сирија.САД ги поддржуваат курдските сили за заштита на народот во нивната борба против “Исламска држава” во Сирија, а за Турција оваа група е гранка на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), која три децении води востание во главно курдскиот југоисточен дел на Турција, забележуваат агенциите.
САД немаат намера да го  заштитат турскиот исламски проповедник Фетхуллах Гулен и американските правници собираат материјали за судот во рамките на барањето на Анкара за негова екстрадиција, рече Бајден. Американскиот потпретседател соопшти дека Турција предала многу нови материјали за случајот за време на сегашната посета. “пристигнаа со мене делегација од експерти и сега се  испитуваат  индиции и докази за пренос во судот по сите правила. Никој во САД, ниту претседателот, ниту кој и да е друг, не може да донесе одлука за екстрадиција. Само суд може да екстрадира криминалец “, рече Бајден. Ердоган пак потсети дека постојат голем број билатерални договори со САД, кои бараат екстрадиција. “Според овие договори човек како Гулен најмалку треба да биде уапсен и привремено ставен во притвор. Но засега тој е на слобода и продолжува со својата активност “, посочи турскиот претседател.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим, пак, изјави дека искрените изјавите на потпретседателот на САД Џо Бајден се од големо значење за турската влада и турскиот народ, пренесе Ројтерс.

Слични содржини