Џоли ја доби првата битка против Пит

од Vladimir Zorba

Анџелина Џоли го  доби првичното физичко старателство над 6-те нејзини деца со Бред Пит. Во моментов холивудската двојка е во процес на горчлив развод, но нивните најголеми спорови се водат околу тоа каде и со кого ќе живеат наследниците.314c3a259b8eb82ba1e4e5c5024b5b6a

Првично Џоли побара старателството над децата, по што Пит ѝ го оспори барањето, приложувајќи документи во судот за заедничко физичко и правно старателство.

На крајот засега таа ја доби битката и децата остануваат да живеат со неа во Лос Анџелес.

Бред ќе може да ги гледа само при планирани посети и тоа во друштво на надзорник-психолог.

Според веродостоен извор актерката не сака да ги наведува своите деца против нивниот татко, и покрај првичните извештаи дека сама го наклеветила пред властите дека  извршувал физичко и психичко малтретирање спрема нив, по употреба на дрога и алкохол.

Изворот вели: “Таа сака децата да имаат врска со Бред, но сака и да се увери дека нивното здравје и психа се безбедни.”

Слични содржини