Џон Мекејн за ракот што го убива: Прогнозата на лекарите е многу лоша!

од Vladimir Zorba

Републичкиот сенатор Џон Мекејн изјави дека лекарите му дале лоша прогноза за ракот што онколозите неодамна му го открија. Во јули, на Мекејн му беше дијагностициран глиобластом, тумор во мозокот.

Оттогаш, сенаторот помина низ неколку третмани за лекување. “Лекарите ми кажаа дека е многу сериозно и дека прогнозата е многу, многу сериозна, некои велат дека веројатноста за спасување е 3%, други 14%, тоа е многу лоша прогноза.

Им реков: разбирам каква е ситуацијата. Ајде да направиме што можеме, да ги бараме најдобрите лекари што ги имаме и да се потрудиме “, рече Мекејн во 60-минутното шоу на КБС.

Мекејн, кој наполни 80 години е шеф на комисијата за вооружените сили во Сенатот и е еден од најавторитетните лидери на Републиканската партија. Но во последно време е остро критикуван од сопартијците, вклучувајќи и од претседателот Трамп, кој одби да го гласа новиот закон за медицинско осигурување.

Слични содржини