Џони Деп може да учествува во екранизацијата на „Убиство во Ориент Експрес“

од Vladimir Zorba

Џони Деп води преговори за учество во екранизацијата на класикот “Убиство во Ориент експрес” од Агата Кристи. 5090307Режисер на филмот ќе е Кенет Бран, кој исто така ќе влезе и во ликот на детективот Херкул Поаро.

Деп за возврат преговара за улогата на друг клучен лик, но се уште не е јасно кој, пишува The Hollywood Reporter. Филмот треба да биде пуштен во кината во ноември 2017 година.

Екранизацијата на криминалниот роман не е единствениот голем проект, во кој Деп ќе учествува. Тој во моментов преговара и за улога во филм за убиството на Тупак Шакур. Во него Џони треба да одигра детектив кој спроведува истрага за смртта на раперот. Приказната и на овој филм е основана на книга – “Лавиринт” на авторот Рандал Саливан.

Слични содржини