Џони Деп обвинет дека водел расипнички живот

од Vladimir Zorba

Компанијата “Менаџмент груп” (ТМГ), која до неодамна се грижеше за финансиите на холивудската ѕвезда Џони Деп, го обвини дека води премногу расипнички живот. За чување на сè што купувал, актерот најмил 12 складишта за кои плаќа месечна кирија од 500 000 долари. За неговиот имот се грижат 40 лица, на кои месечно им плаќа 300 000 долари.

Ексцентричниот актер троши месечно и по 2 милиони долари за задоволување на каприците и поврат си. Тој брои 7.000 долари за купување на каучот, кој беше користен во реалното шоу на сестрите Кардашијан.

Сè започна кога Џони Деп гo тужеше ТМГ за исплата на отштета од 25 милиони долари поради измама и негрижа. ТМГ одговори на ова со противтужба, тврдејќи дека актерот троши многу пари за куќи, авиони и уметнички дела, и покрај нејзините предупредувања за опасните зголемени и  чудни трошоци.

Според ТМГ Џони Деп има 14 куќи, 70 гитари, 45 луксузни автомобили, јахти во вредност од 18 милиони долари, приватен авион и огромни количини скапи вина. Освен тоа актерот потрошил 75 милиони долари за купување, реновирање и опремување на 14 недвижни имоти, меѓу кои се куќи на Бахамите, во јужна Франција и Холивуд, фарма за коњи во Кентаки и неколку станови во Лос Анџелес. Само летовите на приватниот авион му чинат по 200 000 долари месечно, а за еден месец тој троши по 30 000 долари за вина од целиот свет. Плус фрла милиони за различни холивудски сувенири, како облека на Мерилин Монро и Марлон Брандо.

Талентираниот инаку актер поседува и околу 200 уметнички дела од познати автори. За складирање на сите овие објекти Деп ангажирал 12 складишта за кои плаќа месечно по 500 000 долари.

Слични содржини