Џонсон: Протерувањето руски дипломати е врв на фрустрациите поради однесувањето на Москва

од Vladimir Zorba

  Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави дека координираното протерување руски дипломати покажало дека користењето нервен агенс во труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија, довело до врв на меѓународната фрустрација поради однесувањето на Москва.

Џонсон во интервју за Би-Би-Си изјави дека Велика Британија и нејзините сојузници немаат никаков судир со рускиот народ, туку само со администрацијата на претседателот Владимир Путин.

Вкупно 15 земји членки на Европската унија, заедно со САД, Канада, Украина, Албанија, Македонија, Австралија одлучија да протераат руски дипломати во знак на солидарност со Велика Британија во случајот со труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал.

Москва, која остро ги негира обвинувањата за вмешаност во нападот, најави дека нејзиниот одговор на протерувањето руски дипломати ќе биде заснован на принципот на реципроцитет.

– Причината поради која тие го направија тоа (протераа дипломати) е затоа што одеднаш сфатија дека ова би можело да се случи и на нивна територија. Тие одеднаш увидеа дека ова е нов вид закана и оти Русија се однесува на специфично небрежен начин со посебен презир кон цивилизациските норми, рече Џонсон.

Тој истакна дека „за многу влади тоа што се случи во Салсбури, на некој начин, ги разјасни нивните лични фрустрации, лични разочарувања во начинот на кој се однесува Русија“.

Слични содржини