Џорџ Буш контра Доналд Трамп за односот кон медиумите

од Vladimir Zorba

 

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш денеска ги критикуваше изјавите на актуелниот американски претседател Доналд Трамп дека медиумите се „непријател на американскиот народ“.

-Јас сметам дека медиумите се незаменливи за демократијата, рече Буш гостувајќи во емисијата „Денес“ на телевизијата Ен-Би-Си (НБЦ).

Влијателниот советник на Трамп, Стив Бенон, медиумите ги смета за „спротивставена страна“, а Буш коментирајќи го овој негов став, истакна дека моќта може да биде многу заразна и дека е многу важно медиумите да ги повикаат на одговорност луѓето кои ќе ја злоупотребат својата моќ.

Буш, исто така, рече дека коментарите на Трамп за медиумите ги поткопуваат напорите на САД за промоција на демократијата и слободата на печатот во странство.

Слични содржини