Џорџ Клуни е раскажувач во филмот за Шимон Перес

од Vladimir Zorba

Носителот на Оскар, Холивудскиот актер Џорџ Клуни е раскажувач во филмот за животот на поранешниот израелски претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Шимон Перес. Премиерата на филмот е прогласена за јуни, но Клуни веќе го открил својот дел од филмот.

Режисерот и продуцент на филмот е Ричард Транк, кој успеал да сними 50 часовно интервју со Перес, неколку месеци пред смртта во 2016 година. Во филмот се појавуваат поранешните претседатели на САД Џорџ Буш – помладиот и Барак Обама, премиерот на Израел Бенјамин Натанајху, поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер, како и американската пејачка и актерка Барбара Стрејсенд. Таа присуствуваше на 90-годишнината од Шимон Перес.

Премиерата на филмот беше најавена за 13 јуни во Вашингтон.

Слични содржини