Џорџ Клуни: Не можеме да ја заштитиме слободата во странство, ако ја заборавиме дома

од Vladimir Zorba

За заштита на слободата во Америка повика популарниот американски актер и режисер Џорџ Клуни, при добивањето на почесниот  “Цезар” синоќа во Париз, на 42­та церемонија на доделување на најпрестижните француски кинонагради.

“Не можеме да ја заштитиме слободата во странство, ако ја заборавиме дома”, вели актерот, покажувајќи  дека го има предвид претседателот Доналд Трамп. Клуни истакна уште дека светот минува низ значајни промени, но не сите се во правилна насока. По повод кажаното од Трамп дека Париз веќе не е она што беше, поради заканата од тероризам, американскиот актер се пошегува дека во Париз очигледно е ужасно, но има  и што треба да се одработи на некои работи во САД.

Слични содржини