Поранешниот партнер на пејачот Џорџ Мајкл – Кени Гос, откри дека Џорџ Мајкл имал големи проблеми со дрогата.

Дневната доза на поп-ѕвездата била коктел од големо количество кокаин, екстази и 25 џоинти. Гос често ја фрлал дрогата во тоалетот, но сепак таа станала причина тие да се разделат.

“Наоѓав насекаде дрога и ја исфрлав сè во тоалетот. Мислев дека ако се ослободи од сите, тој нема да зема уште. Тој беше под влијание, па веруваше дека ги загубил “, раскажа 58-годишниот маж пред The ​​Sun.

Тој и легендарниот музичар беа заедно речиси 20 години, но во 2011 година тргнаа по различни патишта. Сепак тие останаа блиски пријатели до смртта на Џорџ Мајкл на Божиќ минатата година.

Пејачот издивна на Божиќ во својот дом во Горинг на 53 години од акутна срцева слабост.