Џорџ Озборн : Тереза Меј е „политички мртовец“

од Vladimir Zorba

Тереза Меј е „политички мртовец“, изјави денеска во интервју за Би-Би-Си поранешниот британски министер за финансии  Џорџ Озборн. Озборн кој беше шест години министер во двете влади на премиерот Дејвид Камерон, кога Меј беше министер за внатрешни работи, верува дека „веќе во текот на следната недела“ може да биде покренат процес за изгласување недоверба како партиски лидер на актуелниот лидер на Конзервативната партија и мандатар за нов премиер на Британија и за нејзино сменување.

Поранешниот министер и еден од тогашните претенденти за наследник на Камерон, тврди дека во редовите на конзервативците владеа „исклучително гневна атмосфера„ поради неуспехот на ториевците на изборите од 8 јуни, на кои партијата која имаше комотна предност пред опозициските лабуристи, го загуби мнозинството во Долниот дом на Парламентот.

Озборн открива дека посебен гнев и лутина, има кај оние конзервативци кои го загубија пратеничкиот мандат и за тоа директно ги обвинуваат Меј, нејзината погрешна кампања, ароганцијата, како и отсуството на одговорност кон оние со кои работи.

Двајца ториевци од оние кои беа поразени од лабуристите, беа кандидати за нови министри во постизборната влада, а на работ од губење на пратеничката функција се најде и Амбер Рад, актуелен министер за внатрешни работи.

Изјавата на Озборн доаѓа по написите во денешните лондонски весници за тоа дека се подготвува партиски пуч за соборување на Меј.

„Сандеј Тајмс„ открива дека петмина министри од сегашниот состав порабаре од шефот на дипломатијата Борис Џонсон да ја смени од лидерската позиција Меј, ветувајќи му ја подршката и лојалноста.

Проконзервативниот „Меил он Сандеј„ пишува дека најблиските соработници на Џонсон, веке работат на тоа да се најде наследник за Меј, подготвувајќи терен за шефот на Форин Офисот.

Џонсон денеска на својата страница на Твитер, ги отфрли таквите пишувања, како сосема неточни.

„Јас останувам лојален на Меј и стојам зад неа. Време е да почнеме да работиме„- напишал Џонсон.

Подршка на Меј и изрази и актуелниот минстер за одбрана Мајкл Фалон, кој ја брани и одлуката за уредување „договор за доверба„ со северноирската партија ДУП, за нивна подршка на малцинската влада на Тереза Меј.

-Како и да е, прашањесамо на време е колку долго таа (Меј) ќе остане во смртната постела- вели Озборн за Би-Би-Си.

По оставката на Камерон, по поразот на референдумот за ЕУ, Озборн беше сменет од Меј веднаш штом таа беше прогласена за новиот премиер на Британија. Тој подоцна даде оставка и на пратеничката функција и остана само член на Конзервативната партија.

Сега е уредник во весникот „Ивнинг Стандард„ но признава дека не се откажал трајно од политиката.

Слични содржини