Џулија Монако од Мелбурн преживеала три терористички напади

од desk2

Џулија Монако, 26-годишна од Мелбурн, Австралија, била на шопинг со пријателка кога комби покоси пешаци во Барселона во четвртокот. Нејзе ова и е трет терористички напад откако отпатувала од Австралија пред три месеци.


„Одеднаш останавме заклучени во продавница и настана паника. Луѓето почнаа да трчаат кон крајот на продавницата, каде ни рекоа да легнеме на под што пониско и што подалеку од прозорците. Деца врескаа, а потоа полицијата не изнесе низ спореден излез“, сведочи таа.

Џулија била и во Лондон во подземната железница, кога се случи нападот на Лондон Бриџ, а била и во Париз кога кај Нотр Дам маж нападна полицаец со чекан.

„Потресена сум. Денот не помина како што очекував. Сепак, не сакам да одам дома, сакам да останам овде и да не им допуштам да победат, кои и да се тие. Се уште сакам да патувам по светот. Можеби со мене нешто не е во ред, но така е“, вели таа.

И на 30-годишниот Крис Паули ова не му е прв терористички напад.

Тој бил во Манчестер кога за време на концертот на американската пејачка Ариана Гранде, Салман Рамадан Абеди се разнесе на излезот од Арената. Тогаш загинаа 22 луѓе, а ранети беа 119. Вели дека поминувал по пешачки во близина на Арената само неколку секунди пред нападот.

Сега е во Барселона, каде бил со својот партнер Кори Лорд, и втор пат за влакно ја избегнува смррта.
„бевме во центарот кога се случи нападот. Само што сакавме да се вратиме во хотелот и не можевме да веруваме дека тоа повторно се случува. Полицијата беше насекате како и итната помош, а продавниците почнаа да ги спуштаат заштитните огради на влезовите“, вели Паули.

Слични содржини