Холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо е на пат да заврши со ергенскиот живот и неселективниот секс и да се задоми. 4444585Ако се верува на изданието Hollywoodlife што се повикува на “информирани извори”, 40-годишниот актер сметал дека е најскоро време да ги легализира односите со 24-годишниот модел Кели Рорбах, со кој излегува веќе неколку месеци.

Засега единствениот доказ се зборовите на близок на актерот. Изворот вели дека Лео ѝ го дал предлогот на Кели на 26 септември за време на вечера во ресторан во Њујорк.

“Тоа дури не беше планирано, тоа само се случи. Тие разговараа и пиеја вино, потоа Лео одеднаш направи пауза, ја погледна и ѝ рече, сакам да го поминам со тебе целиот преостанат живот. Кели беше шокирана, но Лео ја увери дека зборува сериозно. И тогаш таа се согласи и сето се заокружи со долг бакнеж “.

Тоа се зборовите ни пријателот, цитиран од весникот. Патем, се најдоа и други извори од опкружувањето на актерот, кои ја нарекоа приказната а со романтичната вечера “глупост”.

Слични содржини