Die Presse: Бугарскиот премиер под притисок по поразот на неговата партија во првиот круг од претседателските избори

од Vladimir Zorba

boiko-borisov-630x346

Високиот залог води до големи загуби: Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов сакаше во неделата вечерта да ја прослави 11-та изборна победа за десноцентристичката владејачка партија ГЕРБ против социјалистичката БСП. Но, наместо тоа по првиот круг од претседателските избори во земјата, на кои кандидатот на ГЕРБ Цецка Цачева покажува изненадувачки слаби резултати, бугарскиот премиер се покажа под притисок, коментира австриското издание Die Presse.
Причината – ветувањето за итна оставка ако кандидатот на неговата партија не е победник во првиот круг од гласањето за претседател на балканската земја. Сега сепак лидерот на ГЕРБ објасни дека ќе ја напушти функцијата само во случај дека Цачева не победи на вториот круг закажан за следната недела.

Слични содржини