Die Zeit: Бундесвер може да користи само 30% од вооружените системи

од Vladimir Zorba


Германската армија може да користи само помеѓу 30% до 70% од своите вооружени системи. Останатите се неисправни или им е потребна поправка, соопшти националниот дневен весник Die Zeit.

Бундесвер располага со многу тенкови, авиони, хеликоптери и бродови. Но само мал дел од нив се во функција. Повеќе од десетина странски мисии го апсорбираат оружјето и ресурсите. Фабриките за производство страдаат од хроничен недостиг на персонал и материјали, за да се дојде до ситуации како оваа со “Јурофајтър” – авионите се на залиха, но не и потребните материјали за одржување. Затоа огромен дел од ресурсите на германската армија е неупотребливи.

Главоболките сепак не запираат тука. Без разлика дали станува збор за транспортните авиони А400М или тенковите “Пума” – Бундесвер се почесто се соочуваат со проблемот на неисправно производство. Во 2014 година Министерството за одбрана вети пред Бундестагот дека во иднина редовно ќе го информира за “јасниот статус” на оружјето, кои всушност може да се стават и се користат за обука.

Еднаш годишно сега главниот инспектор на Бундесвер ја соопштува “подготвеноста на системите за основно оружје”. Но во останатото време податоците се прикриваат. Годишно 3,2 милијарди евра од парите на германските даночни обврзници се трошат токму за поправките, од кои има потреба војската.

Слични содржини